Миовски не запира: Го „тресна“ и Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

2024

Бојан Миовски ја продолжува неверојатната голгетерска серија во шкотската Премиерлига. И вечерва на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, нашиот репрезентативен напаѓач се запиша во листата на стрелците уште во првото полувреме.

Миовски успеа во завршницата на првиот дел да погоди за 1:1 и да го запише својот 13-ти гол оваа сезона во Премиерлигашкото друштво. Секоја чест!

ПретходноРомарио: Само двајца во историјата се подобри од мене
СледноВардар не го заборави Евгениј Новак (ФОТО)