Најдобриот стрелец во египетската историја од денеска го презема и кормилото во фудбалската репрезентација.
Египетскиот фудбалски сојуз соопшти дека 57-годишниот Хусам Хасан станува нов селектор на националниот тим. Како играч, тој трипати го освои Африканскиот Куп на нации и е најдобар стрелец во египетската селекција со 68 гола на 176 натпревари.
Претходно вчера, Египет му врачи отказ на Руи Виторија, откако селекџијата беше елиминирана во 1/8-финалето на Африканскиот куп од ДР Конго.