Саудијците прават спектакл: Слем на шесте кралеви!

131

Од Саудиска Арабија доцна синоќа стигна најава за голем тениски спектакл наречен „Слем на шесте кралеви“.

Како што е најавено, станува збор за турнир на кој ќе учествуваат шесте, веројатно, најдобри светски тенисери. Листата ја предводи светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ, а тука се и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Овој турнир ќе се организира во средината на АТП сезоната, но датумот се уште не е познат.

Исто така, останува да се види во каков формат ќе се играат натпреварите.

ПретходноВардар со Колос на Евгениј Новак ја завршува мисијата „Анталија“
СледноМеси: Се чувствувам подобро, но не знам дали ќе играм во Јапонија