Првиот човек на одбојката во Македонија е кандидатот на Иницијативниот одбор за функцијата претседател на Македонскиот Олимписки Комиет (МОК). Перо Јовановски се очекува да ја добие довербатана делегатите на Собранието кои попладнево од 18 часот ќе се соберат во салата „Борис Трајковски“ за каде е закажано Вонредното изборно собрание на МОК.
СпортСпорт дознава дека Јовановски треба да биде преодно решение и во него мандат да се исчистат сите аномалии и нерегуларности кои го тресат со децении олимпиското движење вио Македонија. Откако сето тоа ќе се направи МОК ќе организира транспарентно и обединувачко Собрание на кое влијателна личност би засетанала на чело на најголемата спортска институција во Македонија.
Од друга странапак тимот на Даниел Димевски се обидува да ја спречи смената и промените во МОК со постојани писма до Интернационалниот Олимписки Комитет од каде бараат Собранието на Димевски кое е закажано за 8 февруари да биде прифатено за легитимно.
А треба да се знае дека тоа што го прават иницијаторите го напраи и Даниел Димевски пред неколку години и на ист таков начин седна на престолот на МОК.
Олимписките кругови во Македонија со месеци се раздвоени и неединствени…
Останува попладнево да се види разврската околу обидот да се направи промена во МОК.