„Страв лозје чува“ – во паника прават лажни вести со фалш мејлови

2929
  • И Горан Пандев, нашиот најдобар фудбаер на сите времиња е најавен како „глас“ за промена во МОК на Собранието кое почнува од 18 часот

Александар Маленко нема да биде кандидат за претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), и тој не е причината поради која е покрената иницијативата за промени во најголемата спортска федерација во земјава.
Тоа е факт кој го најавуваат од одборот за иницијатива но и личен став на самиот Александар Маленко кој во текот на денов се јави со своја изјава и демант на смешните игри од кујната на МОК од каде со лажни мејлови сеат невистини. Стигнуваат пораки до федерациите дека Маленко е кандидатот за претседател се со цел да го сменат мислењерто кај одредени делегати и федерации.

Почитувани, како и се очекуваше на сам ден на одржување на вонредно изборно собрание на МОК, со познати методи на криминални лица и политички групации со лаги и интриги, немајќи никакви други реални причини, во моментов е отворен меил и со лажна содржина што има за цел да ги збуни делегатите на МОК, само и само да некои останат на позициите и раководење, за да НЕМА воведување на професионален систем на работа, спортски вредности и почитување на закон.

Не е до кандидатура, не е до вистински спортски вредности, до ВАШ БОЛЕН КРИМИНАЛЕН УМ е целата лажна приказна која ја сокривате преку Олимписки Спорт!“ – гласи пораката на Александар Маленко.

И самиот Даниел Димевски е свесен дека неговиот мандат во МОК истекува за неколку часа и дека мнозинството се за промени во МОК: На иницијативата има 32 од вкупно 42 федерации но има и голем број на делегати од списокот на заслужни спортисти кои ја подржуваат оваа иницијатива.
Еден од нив е и Горан Пандев, најдобриот фудбалер на Македонија на сите времиња. И тој е најавен како „ГЛАС“ за промени во МОК!

ПретходноОдредени термините за завршниот турнир од Купот на Македонија
СледноЛегендарниот словенечки ски-скокач Петер Превц објави пензија