Белгиски репрезентативец ја напушти Борусија (Д), за да премине во Трабзон

127

Енис Барди добива соиграч во Трабзон, а се работи за белгиски интернационалец кој доаѓа од Борусија Дортмунд. Се работи за Тома Мение кој доаѓа како слободен фудбалер откако го раскина договорот со германскиот вицешампион.

Договорот на Мение со турскиот клуб ќе биде на година и половина, а тој ќе го носи дресот со број 12. Десниот офанзивен бек пристигна во Дортмунд летото 2020 година од ПСЖ. Тој за „жолто-црните“ одигра 83 меча, а оваа сезона поради повреда одигра само осум натпревари.

Исто така има 62 меча за Белгија.

ПретходноПретставници на ФФМ на работилницa за лиценцирање на клубови во Загреб
СледноКатар го доби „трилер-полуфиналето“ со Иран за нова битка за трофејот во Азискиот Куп