Новак Ѓоковиќ ќе биде учесник на еден од егзибициските турнири што ќе се одржи во Саудиска Арабија, каде што ќе му се придружат уште петмина играчи кои во текот на кариерата најмногу освојувале Гренд слемови.
Покрај српскиот тенисер, ќе настапат и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне како единствени кои не го освоиле ГС.
Она што се уште не е обелоденето е датумот, но сега се знае колку ќе заработи секој од тенисерите само за настап.
Станува збор за неверојатна сума од 1,5 милиони долари само за учество, а познато е и дека победникот ќе добие 6 милиони долари.
За разлика од гренд слемовите, оваа сума е многу поголема. На пример, победниците на Австралија опен во машка и женска конкуренција добија по 3,15 милиони долари.