„Слоновите“ се протнаа и до финалето на КАН

163

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се втор финалист во Купот на африканските нации, откако вечерва со 1:0 го совладаа тимот на ДР Конго.

Домаќинот на овој турнир преживеа се и сешто, од смена на селектор среде првенство, до пласман во нокаут-фазата како последна третопласирана селекција, но успеаја да се протнат и до финалето каде ги чека Нигерија.

Голот за одлука го постигна Алер во 64. Минута. Истиот фудбалер имаше шанса и подоцна, но шутираше со глава над гредата.

Големото финале се игра во недела од 21 часот.

ПретходноЧелзи со најдобриот меч сезонава до осминафинале во ФА Купот
СледноБостон ја „нанижа“ и Атланта, Пеликанс го прекинаа победничкиот од на Клиперс