Бензема се испокарал и со Гаљардо, сака да си оди од С. Арабија по секоја цена

183

Францускиот напаѓач Карим Бензема (36) веќе извесно време е незадоволен од саудискиот клуб Ал Итихад. Тој во понеделникот се скарал со тренерот Марсело Гаљардо, кој не сака да му дава никакви привилегии во однос на останатите играчи. Поради тоа Бензема се налутил и го напуштил тренинг центарот, објави „Марка“.

Бензема не разговара со тренерот по инцидентот.

Тој минатото лето пристигна во Ал Итихад со слободен трансфер од Реал Мадрид. Според тригодишниот договор заработува нешто повеќе од 200 милиони евра по сезона.

ПретходноКатар го доби „трилер-полуфиналето“ со Иран за нова битка за трофејот во Азискиот Куп
СледноШутерско шоу на Костоски, Пелистер со цел плен од Охрид