Британците тврдат: Клоп има нов предизвик

1807

Јирегн Клоп на крајот на сезоната после девет години ќе го напушти Ливерпул. Две недели по неговата одлука, британските медиуми тврдат дека е позната вистинската причина за неговиот потег.

Според „Метро“ Клоп веќе има нов предизвик и знае каде ќе ја продолжи сезоната. Станува збор за Барселона, тим на кого му треба тренер токму како Јирген Клоп.

„Барселона бара нов правец, а Клоп би можел да биде архитект на оживувањето. Овој тим претставува голем предзвик за Клоп, шанса да ја примени својата филозофија во елитните клубови“, се вели во текстот на овој медиум.

Чави Хернандез потври дека по завршување на сезоната ќе си замине од каталонскиот гигант, па патот на германскиот стратег е целосно отворен.

ПретходноВо Њујорк на Дончиќ му скандираа „МВП“, погледнете зошто (ВИДЕО)
СледноНема штедење: Саудијците ќе потрошат вистинско богатство за Ѓоковиќ и останатите!