Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски го продолжи договорот со шпанската екипа Ваљадолид за уште една сезона. Димитриоски од 2022 година е во Ваљадолид, а претходно настапуваше за Пелистер 2, Вардар и Металург од Скопје.
Шпанскиот клуб, очигледно, е задоволен од ефектот на нашиот крилен ракометар па одлучи да го задржи.