Конгресот на УЕФА следната година во Белград

63

Белград ќе биде домаќин на следниот Конгрес на Европската фудбалска унија (УЕФА), закажан за 3 април 2025 година, одлучено е денеска на состанокот на Извршниот комитет во Париз.

Конгресот на УЕФА не е само централен настан во календарот на европскиот фудбал, туку и важна платформа за носење клучни одлуки и дефинирање на иднината на европскиот фудбал.

Како што се посочува, одлуката на Извршниот комитет официјално ќе биде усвоена утре на Конгресот на УЕФА во Париз.

ПретходноШутерско шоу на Костоски, Пелистер со цел плен од Охрид
СледноАјнтрахт Франкфурт го претстави првото летно засилување