Македонските претставници во АБА2-лига им се враќаат на домашните обврски. Пелистер по поразот во минатото коло ќе му гостува на Охрид во 17 часот. За битолчани ова би требало да биде рутинска задача, бидејќи противникот е последен на табелата.
И МЗТ Скопје ќе бара рехабилитација, зад себе го има поразите од Пелистер и Работнички кога е во прашање Првата лига кај нас, но затоа пак во АБА2-лига запиша три важни победи. Избраниците на Васко Атанасов се гости на ЕуроНикел, кој се бори исто за врвот како и актуелниот првак. Мечот е закажан во 18:30 часот.
ТФТ пак на домашен терен игра против Кожув, овој меч е закажан во 18 часот.