МЗТ Скопје со „тројки“ во продолжението ја однесе победата од Кавадарци

182

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром повторно се врати осамен на врвот на табелата во Првата лига, откако вечерва на гостувањето против Еуо Никел славеше по едно продолжение со 88:99. „Штрковите“ имаа можност и во регуларен дел од мечот да слават, но со низа грешки му дозволија на домашниот тим да се избори за продолжение.

Оваа победа е добредојдена за шампионот, по поразите во двата претходни дерби дуели со Пелистер и Работнички. Сите четири четвртини донесоа неизвесна кошарка, а продолженијата некако беа најлогичен след на случувањата во салата „Јасмин“.

Во одлучувачките пет минути, Еуро Никел немаше решение за расположените Дамјан и Војдан Стојановски, кој со низа тројки практично го решија победникот.

Танасковиќ со 23 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека Војдан заврши со 20 поени. Кај Еуро Никел одлично издание имаа Дубински со 26 и Смит Меквин со 17 поени.

ПретходноТомпкинс потпиша „специјален“ договор со Црвена Звезда
СледноНигерија на пенали до финале во КАН