Навивачи физички се пресметаа во Сараево само еден ден откако им оддадоа почит на жртвите!

303
ФОТО T. S./Klix.ba

Според информациите на босанските медиуми, во вторникот вечерта дошло до масовна тепачка во сараевската населба Долац Малта. Нешто подоцна беше објавено дека пресметката била меѓу навивачите на ФК Железничар и ФК Сараево, големите градски ривали.

Klix.ba пишува дека тепачката била договорена, а засега две лица се тешко повредени. Според истиот портал, еден член на навивачите на Сараево бил избоден со остар предмет. Локалната полиција потврди дека станува збор за голема тепачка, а истрагата се уште е во тек.

Интересно, само еден ден пред конфликтот, овие две навивачки групи заедно со БХ Фанатикос, отидоа да им оддадат почит на жртвите од масакрот на пазарот Маркале. Таму пред 30 години од граната испукана од српските позиции загинаа 68 Сараевчани, а 142 беа ранети.

ПретходноИбрахимовиќ направи шоу во Сан Ремо со легендарниот хит Лепа Брена (ВИДЕО)
СледноИнтер без Инзаги против Рома