Ислаѓанецот Дагур Сигурдсон, актуелниот селектор на Јапонија, е во Хрватска на преговори за превземање на клупата на ракометната репрезентација. Како што е познато Горан Перковац, доби отказ, а Сигурдсон засега е најидеална опција за клупата.
Сигурдсон има договор со Јапонија до Олимписките игри па, како што соопштуваат хрватските медиуми, се бара модел по кој ќе ја преземе Хрватска и ќе ја предводи низ квалификациите за ОИ каде што Хрватска ќе игра со Германија, Австрија и Алжир.
Сигурдсон кој заработува еден милион евра годишно претходно ја водеше германската репрезентација со која освои титула европски шампион.
FOTO> Twitter