Сари беснеел во соблекувалната по поразот од Аталанта

170

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари бил бесен на своите играчи по поразот од Аталанта со 3-1. Тој беше крајно незадоволен од настапот на својот тим и тоа го покажа на категоричен начин, пишува „Кориере дело спорт“.

Сари им одржал долго предавање на своите играчи по натпреварот, велејќи: „Ако мислите дека јас сум проблемот, разговарајте со Лотито“.

Сари има договор со Лацио до 2025 година и досега ја ужива довербата на претседателот Лотито. И покрај флуктуациите во перформансите на тимот, газдата не е премногу расположен да го замени, особено во средината на сезоната.

И покрај тоа што не настапува на потребното ниво во Серија А, Лацио добро се снаоѓа и на останатите турнири на кои учествува. Тимот е во 1/2-финалето на Купот на Италија, а воедно стигна и до 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

ПретходноХалеп со жалба поради суспензијата
СледноНавивачите го менуваат, Аргентинецот не се плаши за својата иднина