Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се втор финалист во Купот на африканските нации, откако вечерва со 1:0 го совладаа тимот на ДР Конго.
Домаќинот на овој турнир преживеа се и сешто, од смена на селектор среде првенство, до пласман во нокаут-фазата како последна третопласирана селекција, но успеаја да се протнат и до финалето каде ги чека Нигерија.
Голот за одлука го постигна Алер во 64. Минута. Истиот фудбалер имаше шанса и подоцна, но шутираше со глава над гредата.
Големото финале се игра во недела од 21 часот.