Ташовски го поведе ТФТ кон нова победа

74

Кошаркарите на ТФТ остварија и трета последователна победа во домашниот шампионат, откако вечерва на домашен терен славеа против Кожув со 81:70 во еден од трите последни меча во 16. коло.

Избраниците на Боро Смилковски предводени од Ташовски кој мечот го заврши со 21 поен, забележаа десетта сезонска победа со која се израмнија на делба на 6. место со екипата на Феникс 2010.

Кожув со овој пораз останува на три победи во долниот дел на табелата.

Покрај Ташовски, вечерва за ТФТ добар меч одигра и Калун со 15 поени, додека кај Кожув најрасположен беше Артисон кој запиша 19 поени.

ПретходноАјнтрахт Франкфурт го претстави првото летно засилување
СледноТомпкинс потпиша „специјален“ договор со Црвена Звезда