Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда го претстави своето ново засилување Треј Томпкинс кој доаѓа од редовите на Реал Мадрид. Инаку белградскиот клуб речиси еден месец преговараа со поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и освојувач на Евролигата, но поради здравствени проблеми трансферот не беше завршен на време. Играчот подолго време паузира поради операција на коленото и тукушто почна да тренира.
Трансферот беше одложен за неколку дена, а за да се запази последниот рок за трансфери во Евролигата, Црвена Звезда и Томпкинс потпишаа „специјален“ договорот. Според клаузулата тој ќе биде играч на Звезда еден месец, а ако докаже дека е здрав тогаш клубот ќе може да ја активира клаузулата за продолжување на соработката.
Томпкинс минатата сезона играше во рускиот Зенит.