УЕФА обезбеди рекордни премии за ЛШ: За шампионот 200 милиони евра!

365

Европската фудбалска унија ( УЕФА ) на седницата во Париз усвои нов систем за распределба на пари за следните три сезони (2024-2027). Од наредната натпреварувачка година, како што е познато, најсилното европско натпреварување Лигата на шампионите ќе биде проширено и ќе опфати 36 клубови.

Од планираните 4,4 милијарди евра, 10% се пари за солидарност (440 милиони), 7% (308 милиони) одат за клубови кои не учествуваат во Европа и 3% (132 милиони) за клубови кои играат во квалификациите.

Обезбедени се дополнителни 25 милиони за женската Лига на шампиони на УЕФА и за најквалитетното јуниорско натпреварување. Нето износот (по одбивањето на трошоците, солидарните исплати и исплатите на други натпреварувања) се распределува меѓу клубовите-учеснички (93,5%) и УЕФА (6,5%).

Клубовите кои ќе учествуваат во Лигата на шампионите ќе добијат 3,3 милијарди евра од вкупната сума, од кои 2,4 милијарди ќе бидат распределени на клубовите од групната фаза (и финалистите на Суперкупот на УЕФА), 565 милиони евра ќе поделат клубовите од Лигата на Европа, додека 285 милиони ќе бидат распределени за клубовите учесници на Конференциската лига. Процентот на распределба на пари меѓу трите натпреварувања е ист како и во претходниот циклус (2021-2024).

Победникот на Лигата на шампионите ќе добие најголема сума досега – 155 милиони евра, која со бонуси може да достигне и 200 милиони.

ПретходноНигерија на пенали до финале во КАН
СледноПознати имињата на учесниците во забивање на Ол-Стар викендот