Ајнтрахт Франкфурт го претстави првото летно засилување

171

Зимскиот преоден рок е зад нас, но тоа не значи дека клубовите можат да се фокусираат на фудбалот туку работат на идните засилувања. Па така Ајнтрахт Франкфурт го договори првото летно засилување, се работи за централниот бек Орел Аменда кој доаѓа од редовите на Јанг Бојс. Ајнтрахт уште минатата година го посакувал овој фудбалер, но не успеа да го донесе во текот на зимскиот преоден рок. Неколку дена по завршувањето на истиот Ајнтрахт и Јанг Бојс се договориле за трансфер на играчот.

Германците ќе платат девет милиони евра, а играчот потпиша договор до 2029 година.

Во досегашниот дел од сезоната во швајцарската Супер лига, Орел има 19 натпревари и една асистенција.

ПретходноКонгресот на УЕФА следната година во Белград
СледноТашовски го поведе ТФТ кон нова победа