Во Њујорк на Дончиќ му скандираа „МВП“, погледнете зошто (ВИДЕО)

4258

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа лидери во победата на Далас против Бруклин од 119:107. Ирвинг постигна повеќе поени од Дончиќ (36) и со подобар шут (15/24), но словенечкиот феномен беше играч на натпреварот.

Постигна 35 поени (13/27 од поле), но се истакна и под кошот со дури 18 скока и една блокада. Му недостигаше само една асистенција за трипл-дабл, а додаде и две украдени топки. Дончиќ одигра многу, 43 минути, а за тоа време и со такви бројки имаше само една загубена топка.

Познавачите на статистика во најсилната лига истакнуваат дека Дончиќ е првиот во историјата на НБА кој со гореспоменатиот учинок и минути имал само една загубена топка. Но, треба да се истакне дека и таа единствена загубена топка што му се припишува е сомнителна бидејќи беше казнет затоа што се обиде да шутира со сирената на самиот крај од натпреварот.

Без разлика, Дончиќ одигра феноменална партија со неколку потези кои станаа вирални. На пример, тројка од логото, речиси од центарот, или додавање во забивање до Грин од едниот до другиот крај на теренот. Не е ни чудо што кон крајот на натпреварот, додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, во салата во Бруклин одекнуваше: „МВП!“.

На останатите средби Индијана славеше кај Хјустон со 132-129, Мајами беше подобар од Орландо со 121-95, Њујорк славеше против Мемфис со 123-113, Чикаго ја совлада Минесота после продолжение со 129-123, Јута ја порази Оклахома со 124-117, додека Феникс беше подобар од Милвоки со 114-106.

ПретходноНајдобриот стрелец во историјата на Египет е нов селектор на репрезентацијата
СледноБританците тврдат: Клоп има нов предизвик