Играч на Тотенхем е најбрзиот во Премиер лигата

159

Регистриран е нов рекорд за највисока развиена брзина од фудбалер во двобој од Премиер лигата  во Англија. Тој е дело на Мики ван де Вен од Тотенхем, кој на мечот против Борнмут на 31 јануари достигнал брзина од 37,38 километри на час, соопштија од Премиер лигата.

На тој начин холандскиот дефанзивец го подобри досегашното време на Кајл Вокер од Манчестер Сити од 37,31 километар на час. За споредба светскиот рекорд во спринт на 100 метри – 9,58 секунди, поставен од Јусеин Болт во 2009 година, е постигнат со средна брзина од 37,58 километри на час.

Инаку ваква статистика во Премиер лигата се води од сезоната 2020/21.

  1. Ван ден Вен (Тотнъм) –> 37.38 км/ч
  2. Каjл Вокер (Манчестер Сити) –> 37.31 км/ч
  3. Шидози Огбене (Лутон) –> 36.93 км/ч
  4. Педро Нето (Вулверхемптон) –> 36.86 км/ч
  5. Доминик Собослаи (Ливерпул) –> 36.76 км/ч

 

ПретходноКуманово се засили со играч на Вардар
СледноГостивар ја совлада Слога со голови во период од четири минути