Македонскиот суперлигаш Куманово во плеј-аутот ќе влезе засилен со ракометарот на Вардар, Стефан Атанасовски. Тој е поранешен младински репрезентативец кој има настапувано за екипите на РК Аеродром, РК Вардар Јуниор, РК Работнички, РК Вардар 1961, Ал Араби во Катар, Мудхар во Саудиска Арабија и повторно РК Вардар 1961 од кој што доаѓа во Куманово.
Во пресрет на плеј-офот Куманово се засили и со Костов, Благојевиќ, Радичевиќ и Стевовиќ.