Познати имињата на учесниците во забивање на Ол-Стар викендот

173

Денеска се појавија имињата на натпреварувачите во забивање на Ол-стар викендот кој е закажан за 18-20 февруари во Индијанаполис.

На списокот со четири имиња се најде и минатогодишниот победник Мек Мекланг, играч на Орландо Меџик. Тука е Џејкоб Топин, кошаркарот на Њујорк Никс, чиј брат Оби победи во 2022 година.

Меѓу пријавените е и Хамес Хакез, а најголемо име меѓу нив секако е Џејлен Браун, првотимецот на Бостон.

ПретходноУЕФА обезбеди рекордни премии за ЛШ: За шампионот 200 милиони евра!
СледноСветскиот вицепрвак на 5000 метри суспендиран поради допинг тест