Тренерот на Абердин за Миовски: До сега немам видено играч како него во Премиер-лига!

1404

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски блеска во дресот на Абердин. Тој ја продолжи својата голгетерска серија и против Глазгов Ренџерс. Со новиот погодок Миовски стигна до бројката од 20 погодоци во шкотскиот шампионат во сите натпреварувања, а по мечот новиот тренер на Абердин, легендарниот Нил Ворнок имаше само пофални зборови за него.

„Му реков дека не сум видел таков како тебе во Премиер-лигата, а камоли Шкотска“, се првите зборови на новиот тренер, кој потоа додаде:

„Драго ми е што не беше продаден во зимскиот преоден рок. Абердин ќе заработи многу од продажбата на Миовски. Сигурен сум дека ќе постигне 30 голови оваа сезона“, рече предводникот на Абердин. 

ПретходноИнтер без Инзаги против Рома
СледноАстон Вила остана без првиот дефанзивец најмалку еден месец