Челзи со најдобриот меч сезонава до осминафинале во ФА Купот

331

Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако вечерва на „Вила Парк“ во репризата на мечот од 4. коло ја совладаа Астон Вила со 3:1.

Избраниците на Маурисио Покетино вечерва го одиграа најдобриот натпревар сезонава. Покетино изведе силен состав, исто како и Унаи Емери, но уште од самиот старт се чинеше дека гостите се порасположени и поорганизирани.

Челзи имаше предност од 0:3 се до судиското надополнување, кога Астон Вила успеа да дојде барем до почесен гол.

Головите за „сините“ ги постигнаа Галагер, Џексон и Фернандез, додека почесниот гол за домашните беше дело на Диаби.

ПретходноСветскиот вицепрвак на 5000 метри суспендиран поради допинг тест
Следно„Слоновите“ се протнаа и до финалето на КАН