Денеска во Париз од третиот шешир ги чекаме противниците за новата Лига на нации

308

Попладнево во Париз ќе се одржи ждрепката за четвртото издание на Лигата на нации на УЕФА. Во 18 часот по Конгресот на Европската фудбалска унија (УЕФА), репрезентациите ќе ги очекуваат своите ривали во новите групи во четирите сегменти од ова репрезентативно натпреварување.

Македонија се наоѓа во Лига „Ц“ делот каде бевме и во минатото издание на ова натпреварување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски новите ривали ќе ги дочекаат од третиот шешир, каде заедно со нас се и селекциите на Словачка, Северна Ирска и Кипар. Ниту една од овие три селекции нема да ни биде ривал во некоја од четирите групи кои ќе бидат формирани.

Можни ривали на Македонија ќе бидат селекциите кои се сместени во останатите три шешири:

Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург

Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови

Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар

Четврти шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Овогодинешната Лига на нации започнува на 5 септември и ќе трае до 19 ноември.

Лигата на нации е важна и поради квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада, бидејќи од баражите четири селекции ќе заиграат и на Мундијалот по две години.

ПретходноОфицијално: Џеси Лингард е нов играч на Сеул
СледноКуп на ОФМ: Сушево го намачи Борец, комплетирани патниците во четвртфиналето