Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, се повреди на синоќешниот натпревар од 1/8-финалето на Купот на Франција кој неговиот тим го доби против екипата на Брест со 3:1. Во 69. минута од натпреварот, Мбапе беше жртва на еден груб старт на гостинскиот централен дефанзивец Лилијан Брасиер, за што тој доби втор жолт картон и беше исклучен од теренот.
Според клупски извори, Мбапе заработил повреда на скочниот зглоб, но го продолжил натпреварот до последниот судиски свиреж. Сепак, по средбата и тренерот Енрике потврди дека Мбапе има повреда за која не се сигурни од каков карактер е.
„Што се однесува до Килијан Мбапе, ќе видиме утре. Тој доби силен удар во скочниот зглоб. Остана на теренот, се е во ред со него, но лекарите ќе го прегледаат утре“, изјавил Луис Енрике.
Mbappe is lucky to come out of this tackle with no injury, it was a horrendous tackle. Potentially career ending 😱
pic.twitter.com/0mESjANtea https://t.co/octYSKZuEI
— Mayank (@MayankRMFC) February 8, 2024