Речиси половина играчи од сениорскиот тим на Шкендија се продукт на нејзината младинска школа!

1336

Се чини дека и дефинитивно во Шкендија како да вртат нов лист, барем кога во прашање се нејзините млади играчи, нејзините таленти. Тетовци во изминатата деценија и повеќе, откако “Еколог“ влезе во клубот, се ориентираа на купување на готов фудбалски производ, но сега еве еден интересен податок.

Од вкупно 23 играчи на Шкендија кои се во Анталија на подготовки, речиси половина, поточно 10 се продукт на нејзината младинска школа.

Овој факт ја истакнува посветеноста на клубот за развој на локални таленти, одгледувајќи генерација на квалитетни играчи во последниве години. Тоа се Анес Мелиќи, Лорик Јакупи, Амир Нухија, Арбин Курти, Фитон Адеми, Алмир Реџепи, Флорент Рамадани, Астрит Амзаи, Зија Мерџани и капитенот Енур Тотре се младите играчи на фудбалската школа на Шкендија.

Исто така, меѓу важните факти е и бројот на успешни трансфери, каде Шкендија во последно време продаде 9 фудбалери, заработувајќи значителна отштета. Дашмир Елези, Методи Максимов, Решат Рамадани, Леарт Садриу, Енис Фазлагиќ,  Висар Муслиу, Ваљон Ахмеди, Омар Имери и Седат Бериша се играчите за кои клубот доби значителна отштета. 

ПретходноИграчите ги добија своите плати, Работнички ќе игра против Еуро Никел!
СледноЕве колку заработил Чеферин како претседател на УЕФА!