Струмичка Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20-годишниот Роџерс Мато од Уганда, кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор.
Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап и има 3 постигнати голови.
Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството.