Во пресрет на ждрепката за Лигата на Нации, која ќе се одржи попладнево во Париз од 18 часот, интересна средба беше забележана и тоа меѓу двајца некогашни големи асови на Ц. Звезда, соиграчи и во клубот и во репрезентацијата на екс – СФРЈ а сегашни селектори на Србија и Црна Гора, Драган Стојковиќ – Пикси и Роберт Просинечки, две фудбалски легенди на овие простори.
Секако дека средбата беше и повеќе од срдечна, а тука беше и Предраг Мијатовиќ, исто така големо име од овие простори.
🤝⚽️ Срдачан сусрет великих пријатеља уочи жреба Лиге нација у Паризу. #NationsLeague #UNL pic.twitter.com/KxtriW6fjK
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) February 8, 2024