Иван Николоски, младинскиот репрезентативен голман на Македонија (У21), е ново засилување за второлигашот Каменица Саса.
20-годишниот Николоски доаѓа како големо засилување за Каменица Саса од екипата на прилепска Победа. Претходно има настапувано за прволигашките состави на Беласица, Воска, Силекс, Работнички, Дрита и Влазними.
Покрај Николоски, Каменица Саса престави уште две нови имиња. 20-годишниот Александар Смилков доаѓа од редовите Детонит Плачковица и ќе биде засилување во нападот, додека Бурим Алиев ќе ја засили одбраната на стоперската позиција и во Саса доаѓа од Швајцарија каде настапувал за нисколигашот Приштина Берн.