Богдановиќ може да биде трејдуван во Филаделфија

281

Во последниот ден за трејдови во НБА лигата, српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс може да се пресели во Филаделфија.

Според локалниот новинар Кајл Њубек, повикувајќи се на извори од НБА, Филаделфија веќе побарале од Атланта информација за можна размена за Богдановиќ. Иако не се наведува прецизниот одговор на Хокс, Њубек истакнува дека нивните барања можат да ги натераат луѓето од Филаделфија да влезат во проектот.

Богдановиќ има договор до крајот на сезоната 2025/26, со тимска опција за продолжување на уште една сезона, па Атланта е во сигурна позиција. Филаделфија бара играчи подготвени да направат придонес уште веднаш по доаѓањето, очекувајќи гинастапите во плеј-офот.

ПретходноИ селекторот знаел да се смее: Милевски во друштво на раководството на шампионот!
СледноШкупи го испрати Ансах на позајмица во второлигашки клуб во Турција!