Кошаркарите на Бостон продолжија да редат победи во регуларниот дел од НБА сезоната, откако ја победија и Атланта со 125:117 и ја постигнаа седмата последователна победа. Селтикси беа предводени од Кристапс Порзингис со 31 поен, а Дерик Вајт постигна 21 поен со седум асистенции и шест скока. Во тимот на Атланта најефикасен беше Садик Беј со 25 поени и девет скока.
Кошаркарите на Торонто го победија Шарлот со 123:117 и му го нанесоа деветтиот последователен пораз. Во победничкиот тим најефикасни беа Ар Џеј Барет со 23 поени со шест скока и пет асистенции и Скоти Барнс и Имануел Квикли со по 18 поени.
Кошаркарите на Мајами славеа над Сан Антонио со 116:104 и ја постигнаа втората последователна победа. Најефикасен беше Тајлер Хиро со 24 поени.
Њу Орлеанс славеше над ЛА Клиперс со 117:106 и ја прекинаа серијата од четири победи. Си Џеј МекКалум ги предводеше Пеликанс со 25 поени, од кои 13 постигна во последната четвртина. Во тимот од Лос Анџелес, кој одигра осум натпревари во последните 13 дена, најефикасен беше Џејмс Харден со 19 поени.
На другите натпревари Детроит го победи Сакраменто со 133:120, Кливленд беше подобар од Вашингтон со 114:106 и ја постигна седмата последователна победа, а Голден Стејт ја победи Филаделфија со 127:104 и и го нанесе седмиот пораз во последните осум натпревари.