Драматичен пораз на Партизан, Франциско со тројка во последната секунда ја замолкна Арената

319

Во Белград, Партизан испушти победа во финишот на мечот во Евролигата. Славеше Баерн со 78:79 и тоа во момент кога домашните веќе ја гледаа победа. „Црно-белите“ до пет минути до крајот го контролираа мечот и резултатот и потоа се најдоа во невоља затоа што му овозможија на противникот да се разигра и да изедначи 72:72. Сепак, домашните повторно ја вратија предноста на +4 (78:74) за потоа драма во „Штарк арена“. Баерн успеа да направи пресврт на секунда до крајот благодарение на тројка на Силван Франциско. Домашните имаа уште нецела секунда за напад, а Пантер промаши тројка и тоа беше тоа. Партизан  има скор од 12-14, и е нивни трет пораз по ред.

Најефикасен кај Партизан беше Кевин Пантер со 22 поени, а Камински постигна 14. Кај Баерн, Франциско постигна 19 поени, Серж Ибака 14.

Лидерот на табелата во Евролигата, Реал Мадрид е поразен на гостувањето кај Олимпија Милано со 81:76 во рамките на 26.коло. Италијанците одиграа одлично прво полувреме во кое имаа предност од 48:29. „Кралевите“ се разбудија во второто полувреме но немаа сила да го свртат резултатот во своја корист.

Кај Олимпија двајца играчи беа најрасположени, Шавон Шилдс кој постигна 27 поени и Никола Миротиќ кој постигна 23 поени. Кај Реал најефикасен беше Џенан Муса со 12 поени.

За Реал ова е четврти пораз но остана на чело на табелата.

На другите мечеви Ефес-Макаби Тел Авив 105:91, Басконија – Асвел 94:80, Валенсија – Олимпијакос.

FOTO> Twitter/KK Partizan

ПретходноКожуф ја засили одбраната со Томица Петров
СледноАндонова му даде гол на Сосиедад, но нејзиниот Леванте е елиминиран од Купот (видео)