Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да прифати никаква понуда од Барселона да биде замената за Чави на клупата на Каталонците. Веста ја потврди каталонското радио.
Според некои извори, Клоп беше споменуван како наследник на Чави, но Германецот ја отфрлил можноста да седне на клупата на Барселона следната сезона бидејќи сака да се одмори по заминувањето од Ливерпул.
И Чави и Клоп најавија дека ќе ги напуштат Барселона, односно Ливерпул по завршувањето на сезоната 2023/2024.