Централниот бек Томица Петров се враќа во старото јато. Тој повторно е член на второлигашот Кожуф и ќе му помогне на гевгелиската екипа во вториот дел од сезоната во ВМФЛ.
Се работи за искусен фудбалер кој освен во Кожуф играл и во Грција (Касторија, Алпомос, Едасаикос), потоа Брегалница Штип, Металург и Турново.
Претходно Кожуф ги потврди играчите од средниот ред Мартин Петровски, Васко Коцев, Благојчо Стојанов, потоа напаѓачот Метин Иљази, левиот бек Никола Најдовски, голманот Борче Картов, крилото Дејвид Митревски.