Кошаркар на Мајами прегази човек кому лекарите морале да му ампутираат дел од ногата

153

Кошаркарот на Мајами Хит, Хејвуд Хајсмит, предизвикал сообраќајна несреќа во средата додека се враќал дома од натпреварот против Орландо Меџик. Какошто објавија американските медиуми, Хајсмит удрил во човек кој му помагал на друг возач заглавен на средина на пат. Жртвата е во критична состојба и претрпела делумна ампутација на ногата, јавуваат локалните медиуми.

„Известени сме дека Хајсмит доживеал сообраќајна несреќа на пат кон дома по синоќешниот натпревар“, се вели во соопштението на Мајами Хит.

Тој не е беше во списокот на играчи за синоќешниот натпревар против Сан Антонио.

Од полицијата потврдија дека Хајсмит не бил под дејство на алкохол или дрога.

ПретходноЗОИ ’84: Пред точно 40 години се запали олимпискиот оган во Сараево
СледноТројца ракометари на Мулти Есенс „прекомандувани“ во Алкалоид