Кружен напаѓач од Полска го засили Пелистер

174

РК Еурофарм Пелистер објави дека нов член на клубот е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

28-годишниот Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.

Висок е 210 сантиметри, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пиеховски потпишал договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.

ПретходноДаниел Димевски доби нов мандат во МОК со 45 гласа „ЗА“
СледноСити или Џирона? Падна одлука кој ќе игра следната сезона во Лигата на Шампионите!