Куп на ОФМ: Сушево го намачи Борец, комплетирани патниците во четвртфиналето

117

Синоќа се одиграа осминафиналните дуели во Купот на Македонија во машка конкуренција, по кои и официјално се познати сите учесници во четвртфиналето. Претходно, екипите на Струмица, Штип УГД, Лирија и Работнички 71&22, обезбедија директен пласман во следната фаза, а вчера уште четири екипи низ осминафинале обезбедија место во следната рунда.

Најинтересно беше на пресметката во Велес меѓу ГОК Борец и Сушево, каде упорните гости му зададоа голем проблем на домашниот тим, кој дури во петтиот сет успеа да се избори за победа.

Куп на Македонија (мажи) – осминафинале

Универзитет во Тетово – Македонија Џио    3:0 (25:19, 25:22, 25:13)

Весна Пробиштип – Вардар                           3:1 (16:25, 25:12, 25:18, 25:14)

Шкендија – Јанта волеј                                  3:0 (25:18, 25:13, 25:19)

ГОК Борец – Сушево                                     3:2 (27:25, 19:25, 25:12, 22:25, 15:8)

ПретходноДенеска во Париз од третиот шешир ги чекаме противниците за новата Лига на нации
СледноЗОИ ’84: Пред точно 40 години се запали олимпискиот оган во Сараево