Лаутаро ќе потпише нов договор со Интер, а во јуни за 150 милиони евра се сели во ПСЖ!

606

И натаму траат натегањата меѓу Интер и Лаутаро Мартинез околу новиот договор. Колку за потсетување, Аргемнтинецот кој е капитен на “неро – аѕурите“ има договор со клубот од Милано до 2026 година, но и двете страни се заинтересирани за нов договор.

Лаутаро од Интер бара за новиот договор 10 милиони евра годишно, додека Интер му нуд “само“ осум и затоа досега двете страни не се договориле.

Сепак според медиуите во Италија има договор, и двете страни нашле заеднички јазик а тоа значи дека Лаутаро ќе потпише нов догово со откупна клаузула од 150 милиони евра.

Ова значи дека Интер е согласен Лаутаро во јуни да се пресели во ПСЖ, како замена за Мбапе, за што “неро – аѕурите“ би добиле 150 милиони евра отштета.

ПретходноСредба во Париз: Еве како се поздравија Пикси и Просинечки! (ВИДЕО)
СледноИграчите ги добија своите плати, Работнички ќе игра против Еуро Никел!