Браво за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Само што заврши мечот од 1/8 финалето на ИТФ турнирот во Анталија, на кој Македонката успеа да слави со 2:1 во сетови против Амариса Киара Тот од Унгарија и со тоа да се најде во следната фаза на овој турнир, поточно во четврттфиналето.
Лина ги загуби првиот сет со 4:6 во гемови, но затоа во вториот и третиот сет беше подобра со по 6:4 и со тоа успеа да слави над Унгарката.