Милевски: Целта е прво место во групата!

790

Македонија во Лигата на Нации во сегментот – Ц се падна во групата – 4. Се чини добивме лесна група, полесна од она што можеше да ни се падне, сепак во денешниот фудбал сите знаат да играат и мора да се одигра навистина добро ако се сака да се биде прв.

Сепак во групата со Ерменија, Ф. Острови и Летонија нашата репрезентацијата е фаворит за првото место.

Од Париз со свои први впечатоци е и селекторот Благоја Милевски:

Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај.

Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави.

Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници.

Мораме да бидеме целосно фокусирани.

Да имаме прав пристап против секој противник.

Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0.

Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања.

Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата“ рече селекторот.

ПретходноСупер дуели во групата А2, Србија на мегдан со Шпанија, Хрватите против Роналдо и дружината
СледноДаниел Димевски доби нов мандат во МОК со 45 гласа „ЗА“