Голманката на У-17 селекцијата на Нигер, деновиве е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во светот. Секако кога ќе примиш 11 голови на еден меч и тоа против Мароко, мораш да ги истрпиш бројните коментари.
Сепак еден гол е нестварен, надреален што се вели.
Таа по еден центаршут ја собра топката со раце и место да ја додаде до некоја од своите соиграчки, таа ја спушти долу топката со намера некој да ја дегажира таа топка. Нормално дека една фудбалерка на Мароко го виде тоа и непречено си постигна гол.
😱 ¡Surrealista lo de la portera de Níger en el clasificatorio al Mundial Femenino U17!
El partido acabó 0-11 😳 pic.twitter.com/0jYgOgnNjU
— ÁFRICA FUTBOLERA (@AfricaFutbolera) February 6, 2024
Нешто слично како што на времето пред околу 45 години, на дербито Партизан – Ц. Звезда, голманот на “црно-белите“ Петар Борота го направи тоа што го направи па прими гол.