Откриено е колку Мбапе ќе заработува во Реал Мадрид!

684

На прв поглед, кога парите се во прашање, се чини дека Килијан Мбапе во Реал Мадрид, би заработувал далеку помалку од она што сега го има во ПСЖ.

Но дали е баш така?

Тој во ПСЖ нето годишно според договорот зема 50 милиои евра нето, а во Реал би земал 25 милиони, но за потпис на договор ќе земе 120 милиони евра на 12 рати. Исто така тој ќе заработува и баснословни бонуси за секој одигран меч, за секој постигнат гол, секако за секој трофеј и за многу други работи.

А најголемата заработка ќе ја има од правата поврзани со маркетингот, односно од продажбата на дресовите со неговото име.

И сето тоа кога ќе се собере излегува дека Мбапе сека нема да биде за жалење.

ПретходноЧеферин: Нема да се кандидирам за нов мандат!
СледноСредба во Париз: Еве како се поздравија Пикси и Просинечки! (ВИДЕО)