Јужнокорејскиот клуб Сеул го објави трансферот на Џеси Лингард.
31-годишниот поранешен крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша 2-годишен договор со новиот клуб.
Според корејски извори, Лингард ќе заработува 910.000 фунти годишно.
Поранешниот англиски репрезентативец претходно ги разгледуваше понудите од Саудиска Арабија и Турција, а негов последен клуб беше Нотингем Форест.