ПСЖ по пет децении го напушта „Паркот на принцовите“

440

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен донесе одлука да се отсели од својот стадион „Паркот на принцовите“ откако градот Париз, како сопственик на стадионот, одби да го продаде објектот на клубот. Со години ПСЖ пробува да го купи градскиот стадион, но без успех поради што претседателот Насер Ал-Келаифи потврди дека морале да ја активираат опцијата „Б“.

Тоа значи изградба на нов стадион, но кога ПСЖ ќе се отсели од „Паркот на принцовите“ и кога ќе добие нов стадион, не е познато.

Донесовме одлука да си заминеме кога ни стана јасно дека стадионот не е на продажба. Ние добро знаеме што сакаме, потрошивме една година пробувајќи да го купиме стадионот, но сега тоа е завршено. Се селиме“, изјави Ал Келаифи на конгресот на УЕФА.

ПСЖ е формиран во 1970 година, а од 1974 година игра на „Паркот на принцовите“.

ПретходноСити или Џирона? Падна одлука кој ќе игра следната сезона во Лигата на Шампионите!
СледноЧеферин: Некои луѓе пробуваат да згазат 70 години историја