Познато е дека од следната сезона, 2024/25 Лигата на Шампионите ќе се игра во нов формат. Сепак за тоа има време, сега поважно е тоа кој ќе игра во таа лига, Манчестер Сити кој е втор во Премиерлигата или Џирона, хитот во Ла Лига која е втора?
Познати се прописите на УЕФА, а тие велат дека два клуба со еден ист сопственик не може да се натпреваруваат во исто натпреварување, а познато дека 47% од капиталот во Џирона е во сопственост на газдата на Сити.
Според пишувањето на медиумите во Шпанија нема да има проблем, имено договорено е газдата на Сити да ги продаде тие 47% кои ги има во Џирона и со тоа да решат проблемите.
Значи следната сезона во ЛШ ќе ги гледаме и Манчестер Сити и Џирона.